МАЈКА збор кој ја исполнува секоја детска душа.
Мајката за своето дете прeдставува:
воспитувач - го воспитува
подржувач - го подржува во неговите намери
водич - го води низ животот
другар - го бодри да успее
советник - го советува
слушател - да го ислуша
Но пред се таа е мајка да го дарува своето дете со многу љубов, со многу внимание, со многу нежност...
Значењето и улогата на секоја мајка е опеана во многу песнички, а ние со задоволсто ги учиме и ги рецитираме на денот на мајките.
Честит празник Празникот на мама
ми личиш на цвет, сакам да ја гушнам,
за мене си најдобра во прегратка топла
најлична на свет. да се мушнам.
Како ѕвезди блескаат Ке и дарам
твоите нежни очи, ќитка цветни ружи,
од нив дење, ноќе, добрината
добрина се точи. со неа да дружи.
Секој совет мајчице Ќе ја бакнам
богатство ми значи, заедно со тато
а твојата насмевка зашто мама
како сонце зрачи. е нашето злато.
Честит празник, мајчице, во овој сакан час,
китка цвеќе шарено
ти дарувам јас.
МАЈКА
Мајко мила, мајко драга
ти си златен сончев сјај,
нежна, добра, вечна блага,
како булка в месец мај.
Твојте зборој мајко мила,
јас ги слушам секој час,
ти ми даваш полет, сила,
добра си со сите нас.
Ти си мајко цвеќе лично,
в срце мое што ми цвета.
Биди здрава, биди среќна.
уште многу, многу лета.
Сакајќи да им се заблагодариме на нашите мајки за нивната посветеност и љубов, со задоволство изработивме прекрасни подароци кои им ги подаривме на подготвената приредба по повод 8 -ми Март.



Се надеваме дека го задржавме вашето внимание, па затоа продолжете да не посетувате.






















Аутор је уклонио коментар.
ОдговориИзбриши